Шолц ќе се сретне со Макрон, два дена по инаугурацијата на Трамп
Германскиот канцелар Олаф Шолц планира да отпатува во Париз денеска на средба со францускиот претседател Емануел Макрон два дена по инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.
Средбата се очекува околу пладне, јави ДПА.
Покрај идното позиционирање на ЕУ во однос на САД, разговорите најверојатно ќе се фокусираат и на војната во Украина и конфликтот на Блискиот Исток.
Шолц не е единствениот водечки германски политичар кој патува во Франција во моментов.
Анке Релингер, претседателка на Горниот дом на парламентот, Бундесратот, од вчера до четврток е во Париз и треба да се сретне со претседателите на двата дома на францускиот парламент, Националното собрание и Сенатот.
Министерот за одбрана Борис Писториус в четврток во Париз ќе има средба со својот колега Себастиен Лекорну.