Шефот на полската дипломатија Јацек Чапутович поднесе оставка
Полскиот министер за надворешни работи Јацек Чапутович поднесе оставка, објави денеска неговото ресорно министерство.
Чапутович во јули навести дека е можно да се повлече од функцијата шеф на дипломатијата откако владеачката партија Право и правда ги соопшти плановите за кадровски промени во владата.
Оставката на Чапутович се случува два дена откако полскиот министер за здравство Лукаш Чумовски поднесе оставка, пренесуваат британските медиуми.