Захариева интервенирала и кај својот словенечки колега за ИФИМЕС
Бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева денеска разговорала телефонски со словенечкиот министер за надворешни работи Анже Логар за низата „анализи“ објавени од словенечката невладина организација Меѓународен институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС), чија цел, наводно била дискредитација на Бугарија со лажни и манипулативни информации. Логар, како што јави дописникот на МИА од Софија, ја уверил Захариева дека словенечката влада не ги користи анализите на институтот.
Захариева за време на разговорот истакнала дека солидарноста е најдоброто оружје против јавните кампањи за дезинформации и говор на омраза, кои служат за интересите на земјите што не се членки на ЕУ и имаат за цел да ѝ наштетат на Унијата. Таа, исто така, коментирала дека очекува Софија и Љубљана заеднички да работат за европска интеграција на регионот за време на словенечкото претседателство со Советот на ЕУ, во втората половина на 2021 година.
Шефицата на бугарската дипломатија на сличен начин реагираше кога Словачка и Чешка го блокираа усвојувањето на заклучоците на ЕУ за Западен Балкан поради вметнувањето на одредбите за историјата. Захариева тогаш му се јави на нејзиниот словачки колега Иван Корчок и во подолг телефонски разговор барала објаснување за потегот на Братислава и Прага. Неколку недели подоцна, Корчок и неговиот чешки колега, Томаш Петричек, ги повторија тие ставови уште појасно во нивна заедничка колумна.
Двајцата дипломати разговарале за развојот на пандемијата со Ковид-19 и акциите за нејзино поефикасно решавање, вклучувајќи ги во тој контекст и дискусиите на неодамнешните состаноци на лидерите на ЕУ и министрите за надворешни работи, се наведува во соопштението на прес-службата на бугарското Министерство за надворешни работи.
Захариева, пак, за време на разговорот истакнала дека солидарноста е најдоброто оружје против јавните кампањи за дезинформации и говор на омраза, кои служат за интересите на земјите што не се членки на ЕУ и имаат за цел да ѝ наштетат на Унијата. Таа, исто така, коментирала дека очекува Софија и Љубљана заеднички да работат за европска интеграција на регионот за време на словенечкото претседателство со Советот на ЕУ, во втората половина на 2021 година. (Н.В.)