Сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка


Фото: Б. Грданоски

 Во Народната банка денеска ќе се одржи 54. сесија на Клубот на истражувачите.

Како што соопшти Народната банка, на сесијата ќе биде презентиран трудот: „Макроекономски, институционални и финансиски детерминанти на дефицитот на тековната сметка во Северна Македонија: Согледувања преку временски серии“ од авторот Бардул Даути.

По презентирањето на трудот e предвидена дискусија.

Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Трудовите коишто се презентираат на сесиите на Клубот, треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.

На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија. Сесиите се од јавен карактер и фотографиите од настанот се објавуваат на веб страната на Народна банка и на профилите на социјалните мрежи.

Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер, соопштуваат од Народната банка.