Сензација: Ватерполиситите на Австралија го елиминираа светскиот првак Шпанија


 Ватерполо репрезентацијата на Австралија направи големо изненадување на Светскиот куп откако по изведување на пенали го елиминираше светскиот првак Шпанија. Во регуларниот дел дуелот заврши нерешено 18:18, а по изведувањето на пенали Австралија победи со 5:3.

Сигурна победа во четвртфиналето избори Италија која со 18:12 ја совлада Грузија, додека Грција беше поуспешна од Црна Гора со 14:13. Полуфиналето го обезбеди и Унгарија, со триумфот над Хрватска со 16:11.

Полуфиналните дуели Италија – Грција и Австралија – Унгарија ќе се играат во сабота, а финалето е закажано за недела во 10 часот. Завршниот турнир од Светскиот куп се игра во Сиднеј.