Семка Ибраимовски: Над 100.000 луѓе умираат годишно од стрес од извршителите
Како пратеник ќе барам посебни седници на Собранието за извршителите кои
не го почитуваат Законот за извршување и ја злоупотребиле својата
службена положба, истакна во гостување во „Тешки муабети“ лидерот на
ПЦЕР и носител на пратеничката листа на коалицијата „Храбро за
Македонија“ во ИЕ 5, Самка Ибраимоски.
– Ова што го прават извrшителите не е нормално, над 100.000 луѓе годишно
умираат заради нив, од стресови, самоубиства и слично. Има страшни
случаи, на човек за 150.000 денари му ја земаат куќата, ја
злоупотребуваат службената положба и овластување. Јас имам поднесено
кривична пријава со докази, за извршител, со месеци никој не покренува
ништо, вели Ибраимоски кој додаде:
– Нека нѐгласаат граѓаните, да видат како се бори во Собранието. Ќе
барам посебни седници за извршителите, јас и Ана Глигорова имаме докази,
ќе бараме таму да присуствуваат и МВР и економски и стопански криминал,
истакна Ибраимоски.
Тој претстави и дел од програмата во делот на социјалната политика,
меѓу кои и повисока социјална помош и можност за откупување на одреден
временски период од стаж кој им недостига на граѓаните за да остварат
право на пензија.