Сем Мендез снима четири филма за „Битлси“


Ливерпул – Познатиот британски сценарист, режисер и продуцент Сем Мендез вчеравечер најави дека до 2027 година ќе сними и истовремено ќе објави четири играни филмови за поп-рок групата „Битлс“ – по еден за секој од четворицата членови на составот. Притоа, секој филм ќе го претставува гледиштето на секој член на бендот.

Нова песна на „Битлс“, произведена со мала помош од вештачката интелигенција и со вокалот на Џон Ленон, ќе биде објавена денеска.

Мендез доби „Оскар“ за режија на „Американска убавина“ во 1999 година, режираше два прилично успешни филмови за Џејмс Бонд, како и низа извонредни достигнувања („1917“, „Револуционерен пат“ итн.). Тој рече дека гореспоменатите четири филма ќе бидат поврзани во „иновативен и револуционерен“ концепт, без дополнителни подробности.

– Чест е да се раскаже приказната за најголемиот рок-бенд на сите времиња, изјави филмаџијата.

Проектот го има благословот на Пол Мекартни и Ринго Стар, како и на семејствата на починатите Џон Ленон и Џорџ Харисон. Имињата на глумците не се објавени сѐ уште.