Села свика Централно собрание на Алијансата
Како што е познато, Таравари деновиве соопшти дека Алијанса за Албанците ќе му се придружи на опозицискиот блок „Европски сојуз за промени“, што предизвика бура во партијата и длабок раскол. Во тек е пребројување на тие што се за опозициски настап со коалицирање со Европски сојуз за промени и тие што се за самостоен настап.
Таравари смета дека веќе мнозинството членови на Централното собрание со онлајн добиени потписи му искажале поддршка, додека Села инсистира дека местото на одлуката според статутот мора да биде седница на Централното собрание.
Излегување на Алијансата за Албанците сама на избори според аналитичарот Џелал Незири е најлошата варијанта што би можела да ја избере партијата. „Позицијата на Алијанса пред овие избори е важна како позицијата на ДУИ после изборите во 2016 и во 2020 година. ДУИ беше во таа позиција – после изборите да одреди кој ќе ја состави владата. А, Алијанса ја има сега таа позиција – да одлучи кој ќе ја состави владата после изборите. Ако оди заедно како цела со ДУИ и СДСМ на избори, сто проценти сум сигурен дека таа коалиција ќе добиеше најмалку 61 пратеник. Оваа позиција на Алијанса ја направи центар на некои збиднувања, притисоци, лобирања, сугерирања и сè уште е на таа позиција“, рече Незири на Телма.