Села: „Отворен Балкан“ може да стане тројански коњ на Русија во Западен Балкан


Фото: Б. Грданоски
 
Првиот човек на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, преку социјалните мрежи даде свој став за последните случувања во Европа, каде војната во Украина е во центарот на вниманието.

 

„Со Србија која толку отворено политички и економски соработува со рускиот агресор, Отворен Балкан ризикува да стане тројанскиот коњ на Путин на Западен Балкан.Освен Белорусија, Србија беше единствената европска земја која не ја поддржа резолуцијата што Албанија и САД ја доставија во Советот за безбедност на ОН за запирање на руската агресија врз Украина“, истакна Села.