„Секоја чест“: Ана Брнабиќ го фали Милиш Вучевиќ за оставката


 

Претседателката на српското собрание, Ана Брнабиќ, која беше премиер од 2017 до 2024 година, ја коментираше оставката на премиерот Милош Вучевиќ, велејќи дека никогаш не била погорда на Срспската напредна партија.

Во подолга објава на мрежата Икс, Ана Брнабиќ меѓу другото напиша:

„Секоја чест за Милош Вучевиќ. Покажа што е одговорност, што е љубов кон Србија, а не кон функција и моќ. Благодарност до Александар Вучиќ што во Српската напредна партија (СНС) ги всади вредностите и визијата кои и денес, кога времињата се тешки и полни со предизвици, покажаа каква одговорност, посветеност кон земјата и бескрајна почит кон сите нејзините граѓани.„Ова е разликата помеѓу СНС и сите останати“.

Милош Вучевиќ денеска поднесе оставка, по бранот студентски и граѓански движења поради уривање на настрешница на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември, кога загинаа 15 лица.