Секој месец по најмалку едно семејно насилство во Тетово

Во три случаи на семејно насилство полицијата поднесе кривични пријави, затоа што биле тепани сопруги и татковци во Тетово, Гостивар и во Пробиштип.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.Б.(26) и И.Б.(31), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда при семејно насилство“. На 14.11.2024 во Тетово, во стан во кој привремено живееле пријавените, првопријавената физички го нападнала таткото на второпријавениот, по што настанала меѓусебна физичка пресметка.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ѓ. Ш. (34) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,телесна повреда при вршење на семејно насилство’’. На 25.01.2025 во семејниот дом, пријавениот физички го нападнал својот татко и му нанел повреда.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.Ш.(57) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда при семејно насилство’’. На 04.12.2024 во семејниот дом, пријавениот физички ја нападнал својата сопруга.
СВР Штип поднесе кривична пријава против А.Ц.(45) од Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Пријавениот во семејниот дом физички ја нападнал својата сопруга, а притоа оштетил и дел од покуќнината.