Последни проекции: ВМРО-ДПМНЕ 59 мандати, СДСМ 19, ДУИ 18
Врз основа на пребројаните гласови гласови од 90 отсто од избирачките места ВМРО-ДПМНЕ е огромен победник на парламентарните избори. Според проекциите на ДИК, ВМРО-ДПМНЕ треба да има 59 пратеници, што значи дека му недостасуваат два мандати за апсолутно мнозинство. По нив е СДСМ со 19 мандати, па коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ со 18 мандати и албанската здружена опозиција со 13.
Огромен успех постигна Левица триплирајќи го бројот на пратениците во парламентот, сега треба да има 6, досека новата партија ЗНАМ пет.
Во гласови тоа изгледа вака: ВМРО-ДПМНЕ 383 илјади, СДСМ 134 илјади, ДУИ 126 илјади, „Вреди“ 98 илјади, Левица 60 илјади и ЗНАМ 46 илјади.
Има значајни разлики во бројките од првиот круг на претседателските избори што е резултат на поголемата излезност: ВМРО-ДПМНЕ доби 20.000 повеќе од Гордана Силјановска-Давкова, СДСМ 34.000 помалку од Стево Пендаровски, ДУИ шест илјади повеќе од Бујар Османи, „Вреди“ 16 илјади повеќе од Арбен Таравари, Левица дури 20 илјади повеќе од Билјана Ванковска, а ЗНАМ 37 илјади помалку од неговиот лидер Максим Димитриевски.