Сега и знамето стана тема
Над 1.200 учесници од училиштата во Општина Бутел денес без никаков повод го формираа најголемото македонско знаме. По името на државата, по идентитетот и по историјата, сега очигледно знамето е тоа што треба да се брани во државата.
„Стоиме заедно обединети под светлината на нашето Македонско знаме! Во црвено и жолто, го формиравме најголемото Македонско знаме! Благодарност до Андријана Јаневска која на маестрален начин ја изведе нашата Македонска химна! Со особена гордост го одбележуваме овој значаен момент формирање на Македонското знаме, кое е симбол на независноста, заедништвото и достоинството. Тоа нѐ повикува да бидеме обединети, горди и одлучни во зачувување на нашите вредности.Знамето и химната се симболи на државност и секој еден од нас треба да се идентификува и да ги почитува националните симболи на Република Македонија.
Овој чин не прави горди и говори за љубовта кон татковината и почитта кон нејзините историски вредности. Развивање на чуството кај младите луѓе да си ја сакаат, почитуваат, штитат и чуваат татковина, и да ги почитуваат сите нејзини национални белези и симболи за нас е важен момент. Македонија вечна!“- напиша градоначалникот на Бутел. Дарко Костовски.
Деталји за тоа кој го организирал настранот, зошто и кој учествувал нема.