Седници на три собраниски комисии


Во македонското Собрание денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците е Предлог одлуката за одржување јавна расправа по Предлогот на закон за јавното обвинителство.

Комисијата за финансирање и буџет, пак, ќе расправа за Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност и Предлогот на закон за изменување на Законот за данокот на добивка, двата во прво читање.

По овие два предлог закона ќе расправаат и членовите на Законодавно-правната комисија.