Седници на четири собраниски комисии


 

Во Собрание за денеска се предвидени седници на Комисиите за образование и спорт, за здравство и за одбрана и безбедност и на Законодавно-правната Комисија.

На дневениот ред на седниците на Комсијата за одбрана и безбедност и на Законодавно-правната комисија се Предлог-одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на целата територија на Република Северна Македонија, заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија, како и Предлог-одлука за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на подрачјето на Град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија.

Предлогот на закон за изменување на Законот за основање на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, Предлог на закон за изменување на Законот за отворените граѓански универзитети за доживотно учење ќе бидат дел од предвидениот дневен ред на 17 седница на Комисијата за образование и спорт на дневен ред.

На дневениот ред на трите седници на Комисијата за здравство се повеќе законски решенија од сферата на задрвствената заштита, меѓу кои и предлог-законите за изменување на законот за континуирано стручно усовршување на докторите на медицина и за прекинување на бременост.