Во тек седницата на Советот за безбедност за состојбата со пандемијата (фото, видео)
Актуелната состојба поврзана со пандемијата е тема на денешната седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија, што се одржува во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.
Покрај членовите на Советот за безбедност, на покана на Пендаровски на седницата присуствува и министерот за здравство, Венко Филипче.
-Започна 12-тата седница на Советот за безбедност на која е присутен и министерот за здравство Венко Филипче. Разговараме за состојбата со пандемијата на Конвид-19 на територија на целата земја, за мерките и активностите на надлежните институции, напиша претседателот Пандаровски на својот фејсбук-профил.