Седат Пекер: Мафијаш со македонски пасош во милост и немилост на Ердоган  


Седат Пекер, едно од најпознатите имиња во подземниот свет, донираше 35.000 лева за реставрација на историската џамија Мола Кади Сејфулах, изградена  во 1566 година во Софија. Муфтијата му напиша благодарница на турски и бугарски јазик на мермерна плоча на влезот од џамијата. Дваесет години подоцна, две работи оставаат впечаток: Едната е дека ја нема влезната плоча, а другата е – самото име на донаторот.

„Славниот човек од подземниот свет“ излезе од сенка и со недели е вистински тест за турските власти. Од Дубаи Седат Пакер објавува видеа гледани како трилер, тврдејќи дека ги разоткрил врските помеѓу владата и криминалниот свет, чиј дел е и тој самиот. Милиони ги гледаат видеата,а под нив стои описот за него не како криминалец, туку како јутјубер.

Анкара продолжува да ги следи објавувањата на видеата со загриженост.Како Пекер успеа да остави таков впечаток во Турција и како една подземна фигура доби внимание што не го уживаат моментално избраните политичари во Турција?

 Од „занданите“ до кругот на моќта

Речиси 50-годишното патување на Пекер започна во северозападната провинција Сакарија крај Црното Море. Помина низ Германија, каде што порасна, и Романија , каде што побегна во 90-тите години, поради обвинувањата за поттикнување убиство, рекет и уцени. Има многу приврзаници во крајно десничарските Сиви Волци, кои сега се младинско крило на де факто коалицискиот партнер, Партијата на националистичко дејствување.

Во 2004 година, турскиот весник „Заман“ го поврза со изборното мешање во Бугарија, без да даде детали со кои партии и личности работел.Тој беше уапсен двапати помеѓу 1999 и 2005 година, лежеше двапати во затвор, а во 2008 година се ожени (од затвор) со неговата адвокатка. Тој е поврзан дури и со групата „Ергенекон“, обвинета за обид за државен удар по што беше осуден во 2013 година и уште еднаш замина зад решетки.Сепак, тој остана таму само една година – сè се смени за него во 2014 година, кога беше ослободен. Поминаа уште две години и сите обвиненија против него беа отфрлени.

Две недели по обидот за државен удар во 2016 година, со „чисто“ досие тој се заколна на верност на претседателот Реџеп Таип Ердоган. Организираше предизборни митинзи во негова поддршка, имаше полициска заштита и им се закануваше со живот на критичарите на власта.Во 2020 година, сепак, Пекер побегна од Турција во Црна Гора и доби македонски пасош. Скопје, каде обезбедувањето на пасошот предизвика политички скандал, неодамна објави дека ќе биде екстрадиран. Самиот Пекер беше предаден од Северна Македонија во Косово, каде што има работна дозвола. Меѓутоа од таму, преку две арапски земји, се најде во Дубаи, каде започна да објавува серија видеа со компромитирачки материјали за власта, што претходно ревносно ја поддржа. Меѓу обвинувањата што  ги изнесе е и – заштитата и покровителството што му го обезбедил државниот врв.

 Обвинувањата не запираат

Споредбите на неговите видеа на Интернет се со хит серијата „Наркос“. Откако Пакер почна да ги објавува видеата во април, се појавија следните обвинувања:

– Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу (меѓу првите нападнати и сметан за можен наследник на Ердоган) му обезбедил заштита од неговите телохранители, а исто така го предупредил Пекер дека ќе бидат истражувани неговите активности.

– Поранешниот министер за внатрешни работи Мехмет Агар, според него, стои зад политичките атентати во 90-тите години врз познати новинари, а подоцна бил вклучен во трговија со дрога (министерот ги негира обвинувањата).

– Синот на министерот Толга Агар, кој е исто така член на владеечката АКП, бил вклучен во силувањето и бил вмешан во убивањето на казахстански новинар;

– Синот на поранешниот (и последен) премиер Бинали Јилдирим бил вклучен во трговија со дрога и во обид за изградба на нов канал;

Пекер ни за себе не тврди дека е безгрешен и чист. Тој ги меша случаите пред Партијата на правдата и развојот (АКП) на Реџеп Таип Ердоган да дојде на власт и тие потоа. Во видеото на 30 мај, сепак, нападите врз власта достигнаа ново ниво. Тие беа во согласност со тврдењата на Русија во време на затегнатите односи со Турција порадисоборувањето на рускиот борбен авион Су-24: дека Анкара ги снабдува со гориво џихадистите во Идлиб. Покрај со суровата нафта, Турција профитира и од бизниси со чај, шеќер, алуминиум, бакар и стари автомобили, рече Пекер, според кого, постои „постапка“ за водење бизнис во Сирија. Бизнисот го раководел Метин Каратли, шеф на административните работи на претседателот.

Претходно, Пекер исто така ја поврза турската приватна компанија за безбедност САДАТ, основана од резервниот генерал Аднан Танруверди, со снабдувањето со оружје пред неколку години на Ан-Нусра (поранешен огранок на Ал Каеда во Сирија) за време на сириската војна. Турција според него обезбедила и донирање на беспилотни летала на Мароко за да обезбеди екстрадиција (н.з. на политичките противници од ФЕТО).

„Длабоката држава“ повторно е во мода

Овие видеа имаат над 60 милиони прегледи на Интернет. За набљудувачите Пекер ги открива тајните на „длабоката држава“ за којашто владата тврди дека е искоренета. Тоа е мрежа во која се испреплетуваат безбедносниот сектор, државните службеници и организираниот криминал, чии активности имаат за цел да ги заштитат интересите на режимот надвор од делокругот на законот. Претседателите како Сулејман Демирел и Кенан Еврен отворено ја признаваа оваа „длабока држава“.

„Епизодата со Пакер е веројатно сигнал за раздор во националистичкиот табор“, објави „Вашингтон пост“, кој исто така ја истакна вознемирувачката државна традиција која се потпира на нелегални средства за борба против „непријателите на државата“.

Времето кога Пекер организираше митинзи за Ердоган се совпадна со наклонувањето на Ердоган кон погледите на националистичката крајна десница. Во тоа време мафијашот вети дека „ќе се искапи во крв“, но  по петицијата на интелектуалците во 2016 година прекинаа борбите меѓу безбедносните сили и Курдската работничка партија (ПКК) во земјата. За тоа, сепак, тој освои важни награди во бизнисот и филантропијата.

Заговорот Пакер

По објавувањето на видеата властите во Турција прво објавија дека ќе проверат некои сигнали. Партијата на Ердоган и националистите подоцна го отфрлија барањето на опозицијата за расправа во Парламентот, бидејќи владата сакаше само обвинителството да се справи со наводите на Пекер.Опозицијата, која е претпазлива во оценката за тврдењата на Пекер (тој сè уште има репутација на мафијаш), посочува и на внатрешнопартиски борби во АКП, што доведоа до раскол меѓу Пекер и Сојлу, па дури и Пекер и Ердоган .

“За тајните за кои сите знаеја, сега се зборува. Пликовите повеќе не се запечатени. Не само што гледавме како се менуваат односите меѓу нив, туку за прв пат ги гледаме и врските меѓу нив. Претседателот Ердоган се чини дека е во центарот на овие проблематични мрежи“, напиша критички насторениот „Дувар“.

Во турскиот официјален дискурс, сепак, друго толкување зема замав. Провладиниот весник „Дејли Сабах“ во написот на поранешниот советник на Пентагон, Мајкл Рубин, забележа знаци на заговор од страна на Пекер како во октомври 2016 година. Според весникот, неговите зборови ја потврдиле „загриженоста на турските власти дека кампањата за клевета на Пекер може да биде антитурска“. “Кругови, вклучително и ФЕТО (како што Анкара ја нарекува мрежата на проповедникот Фетулах Ѓулен) сакаат да ја дестабилизираат земјата“, стои во реакцијата. Статијата прогнозира нов обид за преврат на хоризонтот предводен од, како што го опишува, „најмоќниот турски мафијаш “.

За време на таа кампања во 2016 година, на која се повикува авторот, Пакер беше во силна љубов со власта. Сепак, очигледните противречности околу начинот на кој Анкара ги толкува видеата на мафијашот не влијаат на гласачите. Анкета на агенцијата Метропол минатиот месец покажува поделена Турција на прв поглед – нешто помалку од половина од населението ги гледало сите или некои видеа, а над една третина воопшто не чуле за нив. Од оние кои гласаа за АКП на последното гласање, 51% одговорија со не.

Кој ќе победи?

Така, џамијата спомената на почетокот на текстот, е само станица на патот на Пекер. Сеќавањето на неговата донација бледнее, бидејќи беше проследена со многу позначаен донатор – турската агенција за меѓународна соработка ТИКА. Фактот дека оваа донација од Пекер  стигна пред ерата на Ердоган е потврда дека тој сепак уживал доверба од одредени кругови во Анкара, внимателно избирајќи ги актерите преку кои комуницирал со балканските муслимани по таканаречениот постмодерен удар во 1998 година. Системот во кој тој се одржуваше или паѓаше во немилост, во зависност од политичката состојба во Турција, постоеше тогаш и постои и денес.

Пекер тврди дека неговите непријатели (моментално владетелите во Турција) ќе бидат „поразени со статив и камера на телефон“. Дури и да не бидат убедени во тоа што го тврди, милиони Турци внимателно го следат. Покрај тоа, бидејќи „тој не тврди дека е чист во криминалите за кои зборува, се зголемува степенот до кој му верува општеството“, изјави истражувачот Галип Далаи.

Ова не го елиминира прашањето дали може да се верува на лице со десетгодишно искуство во мафијата, кое исто така не дава докази за неговите зборови? Неговата точна цел е исто така непозната, ниту како се надева дека ќе го продолжи својот живот ако се посрамоти себеси со сопственото мрачно минато. Само пред шест години, неговиот близок пријател Огуз Корукер во книгата посветена на Пекер, откако го нарече „патриот кој ќе бара крвна одмазда“ за прогонот на Турците во Бугарија во минатиот век, наведува:

„Ако има избори денес, ако Пекер се прогласи за кандидат во Истанбул, ќе победи со 100 отсто, а не 99. Секој мора да признае дека името на Седат Пекер сега е феномен во Турција“. Денес, првата реченица од овој цитат изгледа невозможна, но втората е пророчничка. Додека го чека исходот од „сагата“ и секое ново видео, Турција може само да си го постави прашањето: што ново ќе дојде од Седат Пекер? (Дневник.бг)