Сеавус достигна над 1.000 вработени

Меѓународната компанија за развој на софтвер Сеавус, дел од групацијата Арикома, објави дека ја надмина бројката од 1.000 вработени на глобално ниво. Во моментот Сеавус, како најголема компанија во рамките на Арикома, работи од 17 канцеларии во 10 земји, успешно покривајќи ги Европа и САД.
„Ми причинува големо задоволство да споделам дека Сеавус само што ја надмина бројката од 1.000 вработени. Им честитам на сите во компанијата за ова инспиративно постигнување“, изјави Извршниот директор на Сеавус, Коча Бошку.
Тој истакна дека пандемијата и геополитичките случувања не го забавиле растот на Сеавус.
„Тековните настани во светот не можат да нѐ забават додека го продолжуваме нашето патување. Разновидни сме, инклузивни, млади, но искусни, признати, прекрасни во душата и умот. Сеавусе најсилниот член на семејството кој ја предводи меѓународната експанзија на Арикома Дигитал. Сите треба да бидеме горди на тоа каде стигнавме, а притоа да бидеме свесни дека ова означува нов почеток. Би сакал да им се заблагодарам на сите фантастични луѓе на Сеавус во Македонија, Србија, Шведска, Белорусија, САД, Босна, Молдавија, Турција и Полска за придонесот и да продолжиме со добрата работа“, истакна Бошку.
Изминативе 23 години, Сеавус развива силна корпоративна култура на различност и инклузивност, нуди еднакви можности на своите вработени и посветено се фокусира на нивниот прогрес и кариерен развој. Бројката од над 1.000 вработени е една добра причина за прослава, но тука влегуваат и повеќе од 100 промоции на работни позиции, 4.720 саати посветени на тренинзи и обуки на 706 вработени, само во последните 12 месеци. Во Сеавус, 40% од вработените се жени кои ја поттикнуваат културата на полова еднаквост, што е една од најсилните вредности на компанијата, се вели во соопштението до медиумите.