Сеад Кочан за триесетина дена треба да оди во затвор


Бизнсименот Сеад Кочан кој е осуден на четири години и осум месеци затвор во предметот „Труст“ на Специјалното јавно обвинителство доби упатен акт и на 17 јули, односно за триесетина дена, треба да оди во затвор.

„Судија за извршување санкции при Основниот кривичен суд – Скопје, надлежен да постапува по предметот од обвинителството означен како „Труст“, изготви и достави упатен акт за еден од обвинетите кој со правосилна пресуда е осуден на ефективна казна затвор. Според упатниот акт, а согласно член 137 и 139 ст.3 од Законот за извршување снакции, осудениот е должен на 17.07.2019 да се јави на издржување на казната затвор во наведената казнено поправна установа“, се вели во соопштението на Кривичен суд.

Спеак Кочан има право да бара одложување на издржувањето на затворската казна, исто како и поранешниот премиер, Никола Груевски кој дента кога требаше да оди во затвор, избега во Будимпешта.

Долгите рокови за одење во затвор беа едни од главните критики во извештајот на ОБСЕ. „Се чини дека ваквите одлагања се системски вградени поради фактот што ниту Законот за кривична постапка, ниту законот за извршување на санкции не предвидуваат јасни рокови за извршување на кривичните санкции. Поконкретно, тие не предвидуваат никаков рок во кој Апелацискиот суд е должен да ја врати пресудата назад до Основниотс суд, ниту пак рок, во кој Основниот суд мора да го испорача упатниот акт. Законот за извршување на санкции содржи рок само во однос на стриктната фаза на извршување на казната“ се вели во забелешките на ОБСЕ.

Кочан и Авировиќ во јули минатата година беа прогласени за виновни во судскиот процес „Труст“, за злоупотреба на јавна набавка. Судскиот процес траеше точно осум месеци и имаше повеќе од 20 рочишта. Кочан и Авировиќ, односно „Трансмет“ и „Силекс неметали“, според СЈО со лажни документи добиле тендер од ЕЛЕМ вреден 17,3 милиони евра.