Се затвораат дупките на улиците во Скопје, се ослободуваат тротоарите за пешаци
Во овој момент се работи паралелно на повеќе локации низ целата територија на Скопје и тоа на затворање на ударните дупки на коловизите, а паралелно се редат столпчиња, со кои ќе се отворат тротоарите за движење на пешаци, а не да бидат паркинзи за автомобили.
„Екипите на градот интервенираат со ладен асфалт за затворање на ударните дупки на булеварите и улиците, брзи зафати кои се неопходни поради зимските услови. А напролет, кога временските услови ќе дозволат, се насочуваме кон сериозна, темелна и целосна обнова на коловозите“, најави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Додава дека паралелно се ослободуваат тротоарите за пешаците преку поставување на столбчиња. „Тротоарите не се паркинзи и повеќе нема да дозволиме така да се третираат“.
Во централното градско подрачје и на сите места каде што е потребно се поставува нова урбана опрема, со цел да се внесе повеќе ред, функционалност и достоинствен изглед на јавниот простор.