Се запали цистерна на патот Струмица – Радовиш, сообраќајот беше во прекин


Илустрација

РЦУК – Струмица, известува дека во 9:18 часот настанал пожар на камион на кој што му се дупнала гумата. Превезувал 20 тони на нафта. Со пожарот бил зафатен задниот дел на камионот (кај гумата). Камионот се запалил на еден километар од селото Владиевци на патниот правец Струмица-Радовиш. Во период од 9.18 до 9.55 часот, патниот правец Струмица-Радовиш бил во целосен прекин.

Камионот е изгаснат од страна на ТППЕ Струмица кои интервенирале со шест пожарникари и две противпожарни возила , а четири полицајци вршеле контрола на сообраќајот.

Нафтата ќе биде префлена во друга цистерна и пренесена до крајната дестинација.

Сообраќајот на овој патен правец беше во прекин, но сега повторно е воспоставен.

Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) известува дека регионалниот пат Струмица – Радовиш е нормализиран за сообраќај.

Патниот правец утринава беше времено прекинат поради опожарено товарно моторно возило.