Се возел со 100 сигнални куршуми низ Струга


Фото: Б. Грданоски

Во четвртокот, во 17.50 часот во ОВР Струга, приведен е Ф.Л.(20) од Дебар.

При извршен преглед на патнички автомобил „фолксваген“ со дебарски регистарски ознаки во кој се превезувал, полициските службеници кај него пронашле 100 парчиња сигнални куршуми калибар 9 милиметри што, нелегално ги поседувал.

По целосно документирање, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.