Се влошува епидемиолошката состојба во ЕУ

Епидемиолошката состојба поради Ковид-19 продолжува да се влошува во земјите од Европската унија и „многу е загрижувачка“ во десет земји, објави Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC).
Од 27 членки на блокот, Бугарија, Хрватска, Чешка, Естонија, Грција, Унгарија, Холандија, Белгија, Полска и Словенија, се земјите во кои состојбата е многу загрижувачка, објави ECDC.
Хрватска и Словенија пријавија намногу новозаразени во однос на бројот жители, пренесе Хина.
Пандемијата од Ковид-19 и понатаму забрзано се шири во Европа, а состојбата оваа недела се влоши и во Латинска Америка. Со 472.800 заразени на ден оваа недела ширум светот, стапката на заразност расте четврта недела по ред.