Се тресе кандидатурата на Теута Арифи?


 

Премиерот Зоран Заев не мисли дека локалните избори ќе ги искомплицираат релациите со коалициските партнери во Владата, по шпекулациите фека ДУИ го условува СДСМ околу поддршката за градоначалниците. Сепак според информациите на ТВ 24, двајцата коалициски партнери иако договориле начелна соработна на локалните избори , за кандидатот во Тетово се уште не се договориле. Висок функционер од СДСМ  не исклучил можност  фаворитот на Ахмети да не биде Теута Арифи.

Од ДУИ нема информаци за нивните позиции и дали воопшто постои можност потпретседатеката на ДУИ и еден од најдоверливите луѓе на Ахмети да извиси за нов мандат во Тетово. 

Околу датумот на изборите Заев денеска изјави дека ако се договорат сите партии, изборите ќе може да се одржат и на 17 октомври, како што бара опозицијата и  како што најави собранискиот спикер. 

По средбата Заев на својот Фејсбук профил посочи дека денеска имал одличен состанок со коалицискиот партнер и претседател на ДУИ, Али Ахмети.

„Се договоривме дека СДСМ и ДУИ заедно ќе настапат на претстојните локални избори. Заедничка ни е целта во предизборната коалиција да се вклучат што е можно повеќе партии од владината коалиција. Во тек се постапките за избор на најдобрите кандидати – тоа ќе бидат личности кои умеат и кои се подготвени да го дадат најдобриот резултат за граѓаните во секој град, во секое село, во секоја населба. Меѓусебната поддршка во некои општини ќе си ја дадеме уште во првиот круг на изборите, а во други општини ќе се поддржиме во вториот круг“, пишува Заев.

Тој додава дека согласни се дека институциите имаат и обврска и капацитет да испорачаат целосно демократски, професионални и фер локални избори.