Се степале бравари од ЈСП


Во петокот, во 21.45 часот Љ.М.(59) од Скопје, пријавил дека околу 12.30 часот во гаража на ЈСП-Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров додека извршувал работни активности во гаражата на ЈСП, каде бил вработен како бравар, бил нападнат со тврди предмети од страна на Д.А.(исто вработен во ЈСП).

Според пријавеното, напаѓачот бил спречен од страна на Р.Г.(вработен во ЈСП ) кој во моментот бил присутен во работната просторија, заедно со друг вработен.

Се работи на расчистување на случајот.