„Се смее од сабајле до навечер“: Никита на Викторија Јаначковиќ наполни една година (фото)


Викторија Јаначковиќ, ексмис, манекенка и дипломиран стоматолог, весело, и во друштво на семејството и пријателите, го прослави првиот роденден на ќерката Никита.

Мама Јаначковиќ, со завидно манекенско портфолио создавано 20 години, една од најомилените манекенки на македонската модна сцена и секогаш меѓу трите најубави на изборите за мис, преубава, во свечен фустан и на високи потпетици, ги дочекуваше најблиските во еден скопски ресторан, додека малата Никита, облечена во розово, со здолниште од тул и бебешка круна како кралица, уживаше во вниманието на гостите, се играше со розевите балони, и со шарените слатки колачи. Никита наликува на мајка си, особено со очите.

Викторија, која пред породувањето отвори ординација во Скопје  за разубавување на дамите. продолжува со работата, со голема помош од семејството, но работи и една сосема друга работа поврзана со комуникација, каде што е  дел, како што вели, од еден најдобар тим.

„Таква колегијалност е реткост во денешно време“, објаснува Јаначковиќ.

Но, сепак, нејзината улога како мајка, сега е во преден план. 

„Никита е едно весело, забавно и смешно дете. Почнува полека да се пушта за одење и помалце е каприц кога нешто сака. Мене тоа ми се допаѓа. Се смее од сабајле до навечер. Обожава да дава играчки и храна низ парк на другите деца“, раскажува Викторија.

Викторија, која без влакно на јазикот за себе велеше дека „не сум личност која е „слатка, мила и фина“, кај мене оди прво мој став, па потоа моите нозе и лице, вели дека една година подоцна, 
„станала поемотивна, поблага и малце повеќе уморна“.

„Никита толку ми го исполни секојдневието и преубаво ми е. Гледам секој слободен миг да поминувам со нејзе. Најбитно ми е да порасне во добро, несебично и културно девојче, со гордост истакнува мама Јаначковиќ.

И кога јавноста дозна за нејзината бременост, таа реагираше на свој начин: 

„Многу ми е антипатично кога една јавна личност ќе почне да излегува од „фрижидер“ поради нејзината бременост. Во бременоста не бев воопшто поразлична од другите жени. Го прескокнав оној дегутантен дел сликање  со гол стомак. Со самото тоа, ретко кој освен моите најблиски и неколку пријатели знаеа што се случува“ – ќе изјави тогаш гордата мајка“. (Л.С.)

Гордата баба Зорица