Се реконструира ООУ „Григор Прличев“ во Железара

Летово, се реконструира општинското основно училиште „Григор Прличев“ во Железара каде во тек се градежно – занаетчиски работи.
Објектот на ООУ „Григор Прличев“ е изграден во 2015 година и оваа година за прв пат се врши молерисување на сите простории кои се дел од училишната зграда.
– Изминатиот период извршивме и комплетна реконструкција на училишната спортска сала која доби нов современ изглед и отворивме училишни кабинети по природни науки со најсовремена опрема за изведување на практична настава – напиша градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, на Фејсбук.
Уште неколку училишта се обновуваат во текот на летото, за од септември да бидат подготвени за враќање на учениците со цел да се обезбедат подобри услови за образование и воспитание на учениците.