Се поправаат пешачките патеки во Скопје – Ѓорѓиевски почна со 300 метри во Влае
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски информираше дека денеска започнале широка и сеопфатна акција за реконструкција на пешачките патеки во Скопје, со цел побезбеден, поуреден и помодерен јавен простор за сите граѓани.
Активностите стартуваа на булеварот „Партизански одреди“, на потегот од мостот „Обединети нации“ до пешачкиот мост „Влае“, на површина од 1.200 метри квадратни.
„Важно е да се напомене дека токму оваа патека беше една од најбараните од граѓаните, имајќи предвид дека станува збор за исклучително фреквентна зона која со години беше во сериозно лоша состојба. Со оваа интервенција, конечно ставаме крај на сликите на запуштеност и небезбедност“, истакна Ѓорѓиевски во објавата на Фејсбук.
Тој додаде дека ќе продолжат со интензивна реконструкција на пешачките патеки и велосипедската инфраструктура, но и, како што рече, со изградба на нови современи решенија.