Се опил до бесвест, па од кај соседот го однеле на болница
На 25.02.2026 во СВР Скопје е пријавено дека во стан на сосед на подрачјето на Гази Баба во Скопје е пронајден С.Л.(29) од Скопје, кој бил во неконтактибилна состојба.
Лицето е пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје за укажување на лекарска помош, а во службен разговор неговиот татко П.Л.(63) појаснил дека С.Л. претходниот ден не се вратил дома од работа, а утрото соседот му јавил дека бил во неговиот стан и дека претходно консумирал алкохол.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.