Се гласа на 3.480 избирачки места во земјава и на 32 во странство

Денешните шести по ред претседателски избори се спроведуваат на 3.480 избирачки места во Републикава и на 32 места во странство.

Според заклучениот Избирачки список на Државната изборна комисија, право на глас имаат 1.808.131 гласач во Македонија.

Во изводите од избирачкиот список се запишани 1.726.795 гласачи, 77.579 избирачи се на привремена работа или престој во странство, 1.640 се на издржување казна затвор или се во притвор, а седум гласачи се запишани како внатрешно раселени лица. Во посебниот извод од избирачкиот список за лица кои поднеле пријава во ДКП-ата во странство запишани се 1.781 гласач.

Вториот круг за претседателските избори е закажан за две недели, на 5 мај. Изборната кампања за вториот круг завршува на 3 мај во 24 часот, по што следи изборен молк за вториот круг.

За предвремените локални извори во Охрид право на глас имаат 52.303 граѓани, во Дебар 18.625 и во Ново Село 11.365 граѓани.