Инцидент во Радуша, дупнати гумите на возилото на еден набљудувач


Фото: Б. Грданоски

Во Радуша на овластен набљудувач на една политичка партија, Бошњак по етничко потекло, некој му ги дупнал гумите од возилото при влез во селото. Членови на партијата велат дека ги знаат организаторите на овој инцидент, функционери и роднини на функционери на друга политичка партија.

На набљудувачи не им се дозволува да влезат во избирачките места кои ги чувал еден полчицаец. Инцидентот  бил пријавен и во ДИК и во МВР.