СДСМ: Извештајот на Вајц е потврда дека евроинтеграцијата е сопрена


СДСМ реагира на најновиот извештај на Томас Вајц од Европскиот парламент во кој повикува да се има чувство за итноста на реформите и бара поголема посветеност за евроинтегративниот процес. 
 
-Извештајот на известувачот за Северна Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајс, е уште потврда на она што СДСМ со месеци го говори: Македонија е заглавена, реформи нема, процесот на пристапување кон ЕУ е сопрен, а власта ја турка земјата во изолација.
 
„Процесот на пристапување е сопрен“  ова не е оценка на опозицијата, туку официјален став од овој извештај. Во документот јасно се наведува дека нема напредокот во владеењето на правото, правосудните реформи и борбата против корупцијата. Пораката од Брисел е јасна: проширувањето може да се забрза, но само ако има вистински реформи и владеење на правото.
 
Со владата на Мицкоски Македонија денес нема ниту едното ниту другото. Корупцијата и криминалот цветаат, секојдневно сме сведоци на криминални тендери. 161 тендер за една фрима, 51 тендер преку општините за друга фирма, 74 тендери за трета, 9 милиони евра за фирма со само двајца вработени, тендер 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта. 57 дена поминаа а Обвинителството и ДКСК молчат и не преземаат ништо. 
 
Портпаролката на Владата, Марија Митева, потврди дека Мицкоски управува со судовите со јавно изнесување информации од судски процес кој се уште трае. Мицковски си поставува судии и обвинители под негова контрола. Сопруга на градоначалник на ВМРО назначија за член на Судски совет, сега советник на Мицкоски во Уставниот суд. Се носат закони за правосудство кои не е во согласност со препораките на ЕУ.
 
Наместо реформи Владата намерно отвора кавги со соседите, за да ја оправда изолацијата и да ги блокира преговорите. Води анти ЕУ кампања со обвинувања дека Европа е виновна. Наспроти тоа високи 71% од граѓаните даваат поддршката за членство во ЕУ што значи дека  политиката на изолација на ВМРО оди против волјата на народот, оценуваат од СДСМ.