СДСМ за обраќањето на Мицкоски: Македонија е понижена, задолжена и без перспектива


СДСМ во реакција по говорот на премиерот Христијан Мицкоски по повод една година од функционирањето на Валдата посочи вечерва дека Македонија е понижена, осиромашена, задолжена и целосно девастирана.

„Мицкоски зборува за енергетика во моменти кога се соочуваме со најлошата енергетска политика во историјата на државата. За прв пат во 35 години РЕК Битола не работи повеќе од седум дена. Најголемиот енергетски потенцијал во земјава е во целосна хаварија откако раководството на ЕСМ и РЕК Битола поставено од Христијан Мицкоски е во целосен колапс“, велат од СДСМ.

Од таму додаваат дека се потрошени и хидроенергетските потенцијали во земјава, поточно, во период кога акумулациите низ земјава треба да бидат на својот потенцијален максимум, тие се на својот биолошки минимум со што се доведува во ризик потенцијалот за производство на електрична енергија во текот на зимските месеци кога електричната енергија е најскапа на меѓународниот пазар.

„Македонија за една година има повеќе увезено струја отколку во последните три години власт на СДСМ. Пари кои директно се одлеваат од џебовите на граѓаните, а се плаќаат на фирми блиски до Мицкоски“, велат од СДСМ.

Нема ништо ниту од помпезно најавената инвестиција во ветерници од наводни 500 милиони евра. На таа локација има само ливада за пасење овци.

За една година со Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН Македонија е целосно понижена, осиромашена и како никогаш досега без видлива перспектива, се вели во ракцијата на СДСМ.