СДСМ тврди дека ЗНАМ се распаѓа
Опозициската СДСМ вели преку соопштение дека ВМРО-ДПМНЕ не сака да ги објави резултатите од анкетата што ја правеле, каде се гледал историски пад на партијата и веќе непостоење на ЗНАМ.
„Што е заедничко за ЗНАМ и ВМРО-ОКГ: Мицко ги излажа своите гласачи за името, Максо ги излажа своите дека се независни и дека ќе бидат коректив на власта.
Ниту Максо ниту Мицкоски не работат за плата. И едниот и другиот имаат ист газда.
Нема политика, само приватен бизнис. Едниот ја предаде партијата, другиот државата. И двајцата удираат врз СДСМ – Максо преку Српска лига, ВМРО преку ‘Платформа’. Што најмногу ги поврзува – лага“, велат од СДСМ.