Пандов пушта од затворите лица осудени за 27 април, меѓу нив и Митко Чавков


 

Опозициската СДСМ денеска тврди дека директорот за Управата за извршување санкции, Александар Пандов, незаконски пушта од затворите лица осудени за настаните од 27 април. 

На новинарско прашање, Пандов денеска на прес-конференција ја потврди информацијата, но не кажа колку точно барања се одобрени ниту на кого се однесуваат.

„За само две недели директорување на Пандов, од штипскиот затвор четири  осудени лица за 27 април се пуштени на прекин на издржување на казната?

Како осудениот Јане Ченто за насилствата од 27 ми април со негов потпис е пуштен?

Како Александар Јаневски Тошта исто така осуденик е пуштен?

Како се пуштени осудените Оливер Поповски и Митко Пешов од затворот во Штип?

Како е можно со потпис на Пандов некој да има прекин во казната од 30 дена?“, прашa преку соопштение СДСМ.

Телма јави дека денеска од затвор е пуштен и поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков, а излегува и осуденикот Душко Лазаров. Тие побарале, а Пандов им ги потпишал барањата за прекин на издржувањето на казната.

Прекинот на издржувањето на казната не може да биде подолг од еден месец и одлуката треба да биде поткрепена со медицинска документација и потписи од специјалисти.