СДСМ тврди дека има масовна партизација на сметка на граѓаните во МВР
Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ, обвини денес на прес-конференција дека власта секој ден носи нови одлуки за вдомување партиски кадри на измислени позиции.
„И во МВР тоа се случува на големо. Министерот Тошковски и заменик министерот Исени наредиле огромна листа на советници, со огромни плати и до 66 илјади денари. Само за овие 23 советници во кабинетот на министерот и на заменикот министер граѓаните на Македонија ќе плаќаат околу 1 милион денари секој месец.
На коалициските партнери во власта не им е доволно тоа што имаат министри, заменици-министри, државни секретари, директори, сега се измислуваат функции и позиции за вдомување. Од координатори, национални координатори, заменик на заменикот-директор еве дојдоа до паралелни кабинети со бројни советници.Кога се функции и фотели во прашања нема мерка за доста кај ДПМНЕ. Ова е класична партизација со која се ограбува буџетот за задоволување на апетите на партиите на власт“, порача Кузмановска.
На Твитер се врти листа на имињата на советниците на Тошковски и на Исени според која министерот и заменикот имаат два паралелни кабинета, со етничката како единствена разлика.