СДСМ тврди дека член на обезбедувањето на Гаши тешко ги прекршил овласувањата
СДСМ денес преку соопштение до медиумите обвини дека ВМРО-ДПМНЕ се обидува „по секоја цена да го заштити членот на обезбедувањето на Гаши“ кој предизивика инцидент на аеродромот при посетата на косовската претседателка, Вјоса Османи.
„Согласно информациите кои ги имаме во детали, членот на обезбедувањето на Гаши тешко ги прекршил своите овласувања за што треба да биде прво итно суспендиран, а понатаму и кривично гонет“, соопштија од СДСМ.
Во соопштението се посочува дека фактите околу инцидентот во детали ги има МВР и внатрешна контрола и тие недвосмислено упатувале на суспенција и судска постапка против него.
„Сега прашањето е зошто чекаат да го суспендираат, а понатаму и процесираат?“, прашуваат од СДСМ, обвинувајќи дека „повеќе од јасно е дека се обидуваат да ги скријат фактите и да го заштитат обезбедувачот на Гаши“, што е недозволиво и спротивно на ветувањата на Мицкоски во предизборието во кои ветуваше неселективно спроведување на законите.