СДСМ: Се врши притисок врз ДКСК да го заташка фамилијарното патување на Мицкоски во Вашингтон


Христијан Мицкоски со синот (прв од лево) беше во универзитетот Џон Хопкинс

Според информациите кои доаѓаат до СДСМ, високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски вршат притисок врз ДКСК за да се заташка случајот со истрагата за фамилијарното патување со синот за Вашингтон, порачаа денес од опозициската партија. . 

-Мицкоски веќе трет ден бега и се крие да објави приватни сметки кои тврди дека ги платил лично за патувањето, што јасно укажува дека тоа не го направил. СДСМ поднесе барање до сите институции за пристап до информации од јавен карактер, па да видиме дали ќе се одважат конечно да ги објават податоците кој се шетал на сметка на граѓаните во САД. 

Според нашите сознанија има уште неколку работи кои се интересни за јавноста за оваа прошетка на Мицкоски кои се држат во тајност. Но, СДСМ набрзо ќе ги открие. Им порачуваме да ги тргнат рацете од институциите и дека 2016 година одамна е помината. Брзо ќе се открие вистинското лице на новото режимско ВМРО-ДПМНЕ ако продолжат да го прават тоа, а граѓаните тоа жестоко ќе го казнат, порачаа од СДСМ. 

Неофицијално,  во делегацијата за Вашингтон  освен известувачот, биле и директорите од МРТВ Марјан Цветковски и Хари Вулгаракис и заедно со придружбата на Африм Гаши, делегацијата броела 25 луѓе.