СДСМ се сомнева дека ВМРО-ДПМНЕ „води“ истрага против Каевски, не ОЈО


Дарко Каевски

СДСМ прашува дали ВМРО-ДПМНЕ е таа што води истрага за Дарко Каевски (а ги спроведува ОЈО) , испровоцирана од денешната прес конференција на портпаролот на оваа партија Наум Стоилковски кој праша дали овој предмет е одговор на 30 години стекнал стан и четири милиони денари во банка.

По денешната прес конференција на ДПМНЕ прашањето е дали Белата палата води истраги вклучително и  споменатата? СДСМ нема да навлегува во мотивите на ОЈО, секако дека секој што го прекршил законот треба да одговара, но, доколку се утврди дека нема прекршување на законот очекуваме исто така одговорност, велат од СДСМ.

– Постои сомнеж дека ова е можеби и злоупотреба за изборната кампања. Вештачењето е од 25 април годинава, само еден ден после првиот круг од претседателските избори, а предлогот е доставен за три работни дена потоа. Дали ОЈО се злоупотребува за изборната кампања исто како и хајката против Каевски набргу ќе стане јасно – порачуваат од партијата.

Претходно Стоилковски рече дека Каевски ниту еднаш не одговорил во јавност,како со првото вработување, како партиски подмладок за директор на АМС, на 30 години „набилдал четири милиони во банка и сопствен стан“.

-СДС ниту еднаш не објасни како дојде до концептот голтари влезени во политиката, а потоа милионери. Одговорот можеби е во предметот на ЈО. Предметот на ЈО за работата на Дарко Каевски како директор на АМС можеби е и поттикот тој толку ревносно да настапува против членови и раководството на ВМРО-ДПМНЕ, најгласен во нападите и ширењето на дезинформациите, но можеби е и причина за неговиот рапиден раст во СДС, до пратеник и портпарол.

Отпочната е постапка за сомневања за противзаконско работење и злоупотреба, дека спортските федерации, клубовите и спортистите добивале ваучери, а одредена фирма ги реализирала под услов дел од парите потоа да ги добие назад преку даночно ослободување, рече Стоилковски порачувајќи дека на  Зоран Заев, Димитар Ковачевски, Венко Филипче и нивните наследници како Дарко Каевски треба да им биде испитан имотот и да одговораат за евентуални злоупотреби.