СДСМ се потсмева: Мицкоски партизираше сѐ, па сака професионална администрација


 

Опозициската СДСМ реагираше промптно на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека се залага за „деполитизирана администрација, каде клучни ќе бидат стручноста и посветеноста“ кажана денеска на една конференција.

„Изјавите на Мицкоски се празни зборови кои се целосно спротивни на реалноста што ја креира неговата влада. Ова е уште еден апсурден обид да се прикаже лажна реалност додека граѓаните сведочат за невидена партизација и злоупотреба на јавната администрација.

Денес, администрацијата е претворена акционерско друштво за вработување на партиските кадри. Наместо компетентни и професионални кадри за шест месеци Мицкоски ги деградираше професионалците и постави луѓе без никакви компетенции и знаења, а од квалификации поседуваат само партиска книшка на ВМРО-ДПМНЕ“, вели СДСМ во соопштението и додава:.

Досега видовме систематско прекршување на процедурите, поставување на три заменици директори во Царина, поставување на директор на АНБ спротивно на законот, поставување на раководители без соодветни квалификации. Јавната администрација стана заробеник на ВМРО-ДПМНЕ, а граѓаните се оставени да се борат со бавни услуги, хаос и нефункционалност.
Наместо празни зборови на конференции, потребни се конкретни дела: итна департизација, санкции за корумпираните функционери и воспоставување јасни и транспарентни критериуми за вработување и напредување во администрацијата.

Во лагите на Мицкоски не верува никој“.