СДСМ: Само од поскапиот дизел граѓаните платиле 3 милиони евра повеќе
СДСМ денеска преку соопштение уште една побара Владата да интервенира кај цените на нафтените дериавти кои во понеделниокот поскапеа значително. Според СДСМ за само една недела македонските граѓани платите 3 милиони евра повеќе само кај дизелот чија цена се зголеми за 14 денари за литар.
„Помина цела недела, Владата не презема никакви мерки за намалување на цените на горивата. Со покачувањето на цените на горивата сите цени ќе пораснат. Во маркетите веќе се чувствува притисокот, цената на маслото за јадење надмина 100 денари“, велат од СДСМ, прашувајќи дали намерно вака прави Владата на Мицкоски за да профитира од високите даноци врз грбот на владата или од неспособност?
Од СДСМ потсетуваат дека веќе предложиле пакет мерки, односно намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, намалување на акцизата за 4 денари и намалување на ДДВ за основните прехранбени производи.
„Владата мора веднаш да ги примени и да не чека. Секој ден граѓаните ги чини скапо. Оваа недела македонските граѓани платија 3 милиони евра повеќе само со покачување на цената на дизелот за 14 денари“, велат од СДСМ.
Од опозициската партија велат дека се најавува и можен дополнителен раст на цените, односно дека ако војната во Иран потрае три месеци, се проценува дека цената на нафтата може да достигне 150–160 долари за барел, што е речиси двојно повеќе од сегашната цена.
„Доколку владата не примени модел што ќе го запре овој тренд, цените ќе продолжат да растат и потоа нема да има нивно намалување, дури и ако дојде до стабилизација на цената на нафтата“, велат од СДСМ.