СДСМ: РЕК “Битола” е надвор од производство


Од 1 јануари 2026 година е предвидено да почне да се применува декарбонизацијата: РЕК „Битола“

Опозициската СДСМ денеска преку соопштение посочува дека најголемиот енергетски капацитет во земјава, РЕК Битола, не работи и не произведува струја.

Ниту еден од блоковите 1,2,3 не се на мрежа, велат од СДСМ.

“На сред грејна сезона РЕК Битола е надвор од производство. Првиот и вториот блок утрово испаднаа од мрежа, а третиот подолго време не работи”, се вели во соопштението до медиумите.

Од СДСМ за состојбите во РЕК ја обвинуваат владејачката ВМРО-ДОМНЕ и додаваат дека во комбинатот се троши повеќе увозен отколку ископан домашен јаглен а кога не работи се увезува скапа струја.

Трошоците за купување струја од берзата се огромни и тоа е врз грбот на граѓаните и државата, додека во исто време влијае сметките кои граѓаните ги плаќаат за електрична енергија постојано да бидат високи”, Велат од СДСМ. 
Во реакција до медиумите, ВМРО-ДОМНЕ потврди дега РЕК “Битола” е надвор од системот, но за тоа прстот го впери во претходната владејачка гарнитура. 

“Испадот да РЕК Битола од мрежата е директна последица на неправилното, несоодветно и криминално одржување на блоковите од страна на криминалните СДС и ДУИ, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека новото раководство во ЕСМ и РЕК Битола веднаш го детектираат проблемот и дека се работи на санирање и решавање на проблемите.
“Блоковите на РЕК Битола за брзо ќе бидат вратени во работен процес и приклучени на мрежа”, се вели во реакцијата.