СДСМ продолжува да бара оставка од Тошковски


 

Опозициската СДСМ и денеска преку прес-конференција повика на оставка на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за трагедијата во Карпош поради сериозните пропусти на МВР.

„Две години постојано имало пријави за семејно, физичко и психичко насилство. 

Вкупно 12 пријави имало за сторителот, кој имал и други обвиненија и кривични пријави, а во последниот случај кај него била пронајдена и дрога. 

МВР било алармирано, постоеле пријави, имало сознанија и индиции за сериозен ризик. Но со несоодветна и ненавремена реакција не ги заштитиле жртвите.

А со измените на Кривичниот законик, насилството врз жените и семејното насилство се гонат по службена должност – дури и кога пријавата е повлечена.

Не само кога има телесни повреди, туку и кога со насилството се нарушува здравјето и безбедноста на жртвата.

Значи полицијата морала да постапи“, рече Симона Цветаноски, член на Извршниот одбор.

„Да делувале, да бил приведен, до трагедијата можела да биде избегната.  

Само пред неколку месеци во Велес млада жена беше убиена заедно со нејзиниот татко, иако претходно пријавувала насилство. И тогаш МВР не реагираше навреме.

МВР потфрли и во случајот со серискиот убиец во Старо Нагоричане. Пет жртви, исклучиво жени. МВР две години ги игнорирала пријавите на жителите дека сторителот се прикрадува во дворови и демне. Прично, жртвите биле третирани како ‘природна смрт’, не била правена обдукција, немало истрага.

Ова зборува за сериозни потфрлања на МВР кое го води Панче Тошковски“, рече Цветаноски.