СДСМ: Пратениците од ВМРО-ДПНЕ, Вељаноски, Милошоски, Димовски веднаш да си поднесат оставки


По оставката на Павле Богоевски од функцијата пратеник од морални причини, за која од СДСМ сметаат дека е висок морален чин, бараат пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, против кои се водат судски процеси за тешки кривични дела, да си поднесат оставки.

„Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељановски, Антонио Милошоски и Илија Димовски да не чекаат ниту ден повеќе, туку веднаш да си дадат оставки од своите функции.Тоа е најмалку што може да го направат за да се избегне каква било можност да ги попречуваат или влијаат врз судските процеси и истрагите против нив“, се вели во соопштението од СДСМ.