СДСМ: Одлуката за домашен притвор за Груби не е правна, туку политичка


Одлуката за домашен притвор за Груби не е правна, туку политичка. Таа е директна последица на политички дил и целосно контролирано судство и обвинителство од страна на ВМРО-ОКГ, се вели во соопштението до СДСМ.

Од СДСМ велат дека со месеци предупредуваат дека судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО, при штокако аргументи за ова го наведуваат менувањето на јавен обвинител, потоа назначувањето сопруга на екс градоначалник на ВМРО за член на Судскиот совет, изборот на советник на Мицкоски во Уставниот суд…

„Шефот на Обвинителот кој побара куќен притвор за Груби беше избран на оваа функција во Скопското јавно обвинителство пред еден месец. На кого веќе не му е јасно“, велат од СДСМ, при што додаваат дека домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана.

„Правда нема, има контролирано обвинителство и судство кое одлучува под диктат на Мицкоски и ВМРО-ОКГ“, се вели во соопштението од СДСМ.