СДСМ обвинува дека анкетите на МТВ биле нарачани од ВМРО-ДПМНЕ
Јавната телевизија МТВ е злоупотребена од ВМРО-ДПМНЕ за објавување на анкети кои не се реални, туку наместени, обвини денеска СДСМ покажувајќи документи од штабот на опозициската партија за остварување на овој план.
Според документите и соопштението на СДСМ, се предвидувало „креирање на емисија два пати неделно со анализирање на анкети од ИПИС на Владимир Божиновски, какви што веќе се емитуваа на МТВ. Дефиниран е и составот на гости во емисијата, тројца аналитичари од опозицијата и еден од власта.
ДПМНЕ има и одговорен и за ширење лажни вести а креираат и лажни вести преку ‘дувла’ кои ги објавуваат опозициски портали.
Ова е голем скандал кој покажува дека лажните анкети се нереални и служат за манипулација на граѓаните а немаат врска со реалноста. Но исто така потврдува дека нема никаква промена во ДПМНЕ“, тврдат од СДСМ.
Овие документи, доколку се точни, го ставаат во комплицирана ситуација раководството на МТВ затоа што што под превезот на ексклузивни анкети, всушност станало дел од пропагандниот план на опозициската партија.
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение ги демантираше овие информации и најави тужба за клевета.
„Потписите на документот се целосно измислени и не кореспондираат со реалните. Иако видовме дека за СДС е нормално да го погрешат презимето на нивниот лидер Ковачевски веројатно разумно и логично е ВМРО-ДПМНЕ да си ги препознава луѓето и потписите од својата партија, нешто што не е случај и во посочениот и измислен документ, што само кажува кој е изворот на веста“, се вели во соопштението од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ побараа СДСМ да се извини, инаку ќе имало тужба за клевета.