СДСМ не го плашат ќорците на „тројанскиот коњ Максим Димитриевски“


СДСМ реагираше на понудата од ЗНАМ да ги прими во партијата сите разочарани членови на нивната партија.
 
-Вистинските социјалдемократи кои се борат со срце и со душа за остварување на социјалдемократските вредности нема никогаш да ги прифатат повиците на лажните патриоти од ЗНАМ. Максим Димитриевски за неколку фотељи и градоначалничка функција стана слуга и продолжена рака на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски. 
 
Срамно и жално е да се гледаат поранешни генерални секретари на СДСМ како министри и послушници во Влада која ја водат луѓе што сакаа да ги убијат нивните довчерашни сопартијци. Срамно е поранешни пратеници на СДСМ да бидат функционери во власта на Мицкоски. Од тоа вистинските членови на СДСМ се срамат и го осудуваат. 
 
СДСМ не го плашат ќорците на Максим Димитриевски и повиците за поделба на партијата. СДСМ е единствената вистинска опозиција која ќе се бори со сите сили за да се спречува штетните политики на владата на Мицковски и неговиот сателит ЗНАМ. Сега веќе работите се јасни, а тројанскиот коњ Димитриевски е откриен. Брзо ќе се соочи со реалноста и гневот кој го насобра од членовите на СДСМ. Димитриевски замолче како мало дете пред Касам,и а неговите изблици на лажен патриотизам беа замолчани уште првата недела од неговото слугување на Мицкоски. Толку беше од чукањето во гради и лажните закани дека ќе ја напушти владата во обид да го намали срамот, порачуваат од СДСМ.