СДСМ му порачува на ВМРО-ДПМНЕ да го прашаат Руте кој ја внесе Македонија во НАТО


 

Опозициската СДСМ денеска му порачаа на ВМРО-ДПМНЕ да го прашаат генералниот секретар на НАТО кој ја внесе Македонија во алијансата и се потсмева на тврдењата на владејачката партија.

„Според ВМРО во НАТО сме примени затоа што таму некој така сакал, СДСМ бил сервилен.

Предавничка политика е членството во НАТО? Тоа било распродажба на државните интереси?

Нека му го кажат ова денес на генералниот секретар Марк Руте: дека според ВМРО сме примени во НАТО затоа што таму некој така сакал и дека членството во НАТО е предавничка политика.

Нека му го порачаат тоа кога ќе се сретнат со него.

Прво Гордана Сиљановска како ‘командант’, па потоа Мицкоски, македонскиот Мадуро.

Како што се однесуваат кон Европа, така сега и кон НАТО.

Со оглед на Стоиљковиќ и Адамовиќ и нивните односи со Русија дали ова е намерен потег, како што прават намерни провокации и навреди кон соседите?

Така изгледа ‘патриотизмот’ на ВМРО на дело.

Не им е важна безбедноста на граѓаните. Велат Македонија не е важна, нејзиниот интерес не е важен, успехот на граѓаните и на целата државата не е важен, некој таму имал интерес и затоа сме во НАТО.

Сега сите го знаат вистинското лице на криминалната организација ВМРО-ОКГ“, велат од СДСМ.