СДСМ: Мицкоски отиде кај Орбан да преговара за Груевски
Мицкоски ги продава македонските национални интереси – а кај Орбан отиде за да договара враќање на Никола Груевски и уривање на правниот систем, се вели во соопштението од СДСМ .
„Му ги исполни сите ветувања, му се оддолжи на Орбан што го чува Груевски, не задолжи 1 милијарда евра, обезбеди влез на 4iG во телекомникациите, следува влез на ќерка-фирма на унгарската Status Energy KFT во енергетиката.
Го расчисти патот во ВМРО-ОКГ и ги смени сите потпретседатели. Ја презеде контролата над судството и обвинителството, водеше кампања против предметите на СЈО за рушење на пресудите на Груевски и создавање терен за ослободување на криминалната структура од одговорност.
Политичката сцена во Унгарија се менува и поддршката за Виктор Орбан драматично опаѓа по серијата криминални скандали и антиевропските политики со кои одработува за Русија.
Дури и од своите поддржувачи Орбан беше исвиркан на митинг.
Што ќе се случува по падот на Орбан е клучно прашање за предавникот Мицкоски, Орбан и Груевски заедно.
Што ќе се случи со 40% од медиумите во Македонија кои преку Орбан се ставени во служба и контрола на ВМРО-ОКГ?
Што ќе биде со бизнисите на Орбан во Македонија кои Мицкоски му ги озоможи – во енергетиката и телекомуникациите, вклучително и интересите на компаниите како 4iG?
Конечно, што ќе се случува со самиот Орбан?
Обвинувањата за корупција во Унгарија се сериозни.
Дали може да очекуваме и Орбан да дојде во Македонија заедно со Груевски“, се вели во соопштението на СДСМ.