СДСМ: Мицкоски лично ќе гарантира дека Османи ќе поминува незаконски


„Мицкоски влезе во улога на полицаец и обезбедувач кој во иднина ќе ja спроведува лично претседателката на Косово, Вјоса Османи, за да се избегнат скандали. Оваа изјава е скандал сама по себе“,  реагираа од СДСМ на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски по средбата со косовскиот премиер Албин Курти.

„Дали ова значи дека во иднина тој лично ќе и гарантира дека не треба да ги помине и почитува пропишаните процедурите? Каква е оваа порака на непочитување кон професионалците од МВР и аеродромот кои доследно ги спроведувале процедурите? Со ова Мицкоски потврдува дека повторно доаѓа време кога законите не важат, а процедурите може да се кршат според волјата на султан Мицкоски и неговите коалициски партнери.

Јавноста треба да знае дека при иста идентична ситуација во времето на СДСМ и барање на косовската претседателка да помине надвор од пропишаните процедури, јасно и било кажано како треба тоа да го стори и токму на тој начин се спровела проверката. Тогаш немало пиштолџии кои доаѓале на аеродромот да му се закануваат на обезбедувањето кое професионално ги спровело процедурите. Тогаш немало јавување по телефони и политичко влијание од страна на ниту еден политичар и затоа немало ниту скандал. 

Со изјавата дека следниот пак ќе ја придружува косовската претседателка на аеродром за да се избегнат инциденти, Мицкоски исто така ја прејудицира и влијае на истрагата на обвинителството и особено на делот на обвинителството задолжен за прекршоци од страна на полицијата, иако е јасно кој и како ги прекршил законите. Прво, тоа е Африм Гаши испраќајќи го своето обезбедување, и второ обезбедувањето“, стои во реакцијата на СДСМ.